Бајден: Путин мислеше дека единството во НАТО ќе се распадне, но погреши

July 12, 2023
1 min read

На крајот од НАТО-Самитот во Вилнус , американскиот претседател Џо Бајден порача дека сојузот е посилен, поенергичен и пообединет од кога било во својата историја. Бајден рече дека НАТО остана обединет за време на војната во Украина, додека рускиот претседател Владимир Путин се обложуваше дека конфликтот ќе ја растури алијансата, пренесува Си-ен-ен.

„Мислеше дека нашето единство ќе се распадне при првото тестирање. Мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби. Но, мислеше погрешно“.

рече Бајден.

Во завршниот говор Бајден потенцира и дека поддршката за Украина нема да ослабне.

„Ние нема да се откажеме. Го мислам тоа. Нашата посветеност на Украина нема да ослабне. Ќе се залагаме за слобода денес, утре и онолку долго колку што е потребно. Соединетите Држави изградија коалиција од повеќе од 50 нации за да се погрижат Украина да се брани себеси сега и во иднина“

се дел од пораките на Бајден.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фулам ја прифати понудата за Митровиќ кој се сели во Саудиска Арабија

Следно

Највозрасниот фудбалер во светот, Миура, ќе игра и следната сезона

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop