Бајден најави над 500 нови санкции кон Русија по смртта на Навални

February 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот претседател Џо Бајден објави дека одлучено е да воведат повеќе од 500 нови санкции против Русија поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор, јавува Анадолу.

Од Белата куќа, во порака објавена во пресрет на втората година од војната меѓу Русија и Украина, се наведува дека Бајден најавил нови санкции против Москва поради смртта на Навални.

Американскиот претседател наведе дека ќе бидат воведени повеќе од 500 нови санкции кон Русија поради смртта на Навални и втората година од руско-украинската војна.

Истакнувајќи дека санкциите ќе ги опфатат рускиот финансиски и одбранбен сектор, како и луѓето „поврзани со затворањето на Навални“, Бајден рече: „Санкциите ќе го натераат Путин да плати уште поголема цена за неговата агресија во странство и притисокот дома.“

Покрај санкциите, Бајден истакна дека се воведени нови ограничувања за извозот на околу 100 ентитети со образложение дека ѝ пружаат индиректна поддршка на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојава за бомба на неколку локации во Атина

Следно

Укинат притворот за уште шестмина осомничени за упадот во М-НАВ

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop