Бајден го нарече кинескиот претседател диктатор

June 21, 2023
1 min read

Причината зошто Си Ѓинпинг толку се вознемири кога го соборив балонот со два вагона шпионска опрема е затоа што не знаеше дека е таму, рече Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден вчера го нарече кинескиот претседател Си Ѓинпинг диктатор, велејќи дека Си бил многу засрамен кога неодамна беше соборен кинески шпионски балон што леташе над САД.

Бајден го изјави ова на собирање средства во Калифорнија, еден ден откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со Си во Пекинг, со цел да се намалат тензиите и ривалството меѓу двете земји.

„Причината зошто Си Ѓинпинг толку се вознемири кога го соборив балонот со два вагона шпионска опрема е затоа што не знаеше дека е таму. Голема штета е за диктаторите. Кога не знаат што се случило. Не требаше да оди таму каде што беше. Го смени курсот“,

рече Бајден.

Имено, балонот на почетокот на февруари една недела леташе над САД и Канада, а беше соборен по наредба на Бајден над Атлантскиот Океан. Тој инцидент, кој предизвика Блинкен да ја одложи првично планираната посета на Пекинг, како и размена на посети меѓу американските и тајванските официјални лица, ги зајакна тензиите меѓу САД и Кина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Златко Далиќ го напушта селекторското место во Хрватска?

Следно

Северна Кореја: Посетата на Блинкен на Кина е срамно просјачко патување на провокатор

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop