Авиокомпаниите ги прекинуваат летовите кон израелската престолнина Тел Авив

September 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Авиокомпаниите ги прекинуваат своите летови до главниот град на Израел, Тел Авив, јавува Анадолу.

Азербејџанскиот авиопревозник „Азал ерлајнс“ објави дека ги прекинува своите летови до Тел Авив „поради најновите случувања и безбедносната ситуација во Израел“.

Дополнителни информации за обновувањето на летовите меѓу главниот град Баку и Израел ќе бидат објавени во зависност од ситуацијата, објави азербејџанската државна новинска агенција АПА.

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ и „Визер“ со седиште во Унгарија, исто така, ги прекинаа летовите до Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.

Минатата недела, германската авиокомпанија „Луфтханза“ и „Ер Франс“ одлучија да ги прекинат сите летови до и од Тел Авив.

Одлуката влијаеше и на другите авиокомпании под групацијата „Луфтханза“ – „Еуровингс“, „Свис“, „Аустриан ерлајнс“ и „Брисел ерлајнс“.

Американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ во четвртокот објави дека ги суспендира летовите меѓу Меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк (JFK) и Тел Авив до 31 декември, наведувајќи го како причина „тековниот конфликт“.

„Американ ерлајнс“, исто така, ги откажа своите летови до и од Израел до април 2025 година.

Ескалацијата меѓу израелската војска и либанската група Хезболах достигна опасно ниво што може да разгори меѓусебна војна од целосни размери.

Од вчера, Израел започна серија воздушни напади врз јужен и источен Либан, во кои, според либанските здравствени власти, загинале најмалку 492 лица, меѓу кои 35 деца, а 1.645 се повредени. Нападите принудија илјадници цивили да ги напуштат своите домови, соопшти либанското Министерство за здравство.

Групата Хезболах истакна дека извршила шест ракетни напади врз воени локации во северен Израел, вклучувајќи два аеродроми и фабрика за експлозив.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утре со локални поројни дождови, од четврток до сабота сончево и топло

Следно

Зошто кардио тренингот не е најдобриот метод за слабеење?

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop