Арсовска: По 3 децении се реализира ветеното водоснабдување во 7 населени места општина Сарај 29.6.2023

June 29, 2023
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска го најавија отпочнувањето на градежните активности за реализација на проектот за подобрување на системот на водоснабдување на 7 населени места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане, во општина Сарај.

 

Градежните активности започнуваат со изградба на нова препумпна станица во близина на Рашче, потисни цевководи кон Копаница и Бојане, како и изградба на резервоар во Копаница со капацитет од 600 кубни метри. 

– Со реализацијата на овој проект се реализира ветеното водоснабдување на населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане во кои се скоро половина од вкупниот број на население на општина Сарај. За решавање на овој долгогодишен проблем во овој дел од градот, инвестираме над 3 милиони евра, а жителите на општина Сарај добиваат поквалитетно водоснабдување. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот – изјави Арсовска. 

Градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето во градот согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Начо Фернандез нов капитен на Реал Мадрид

Следно

Федералните резерви предвидуваат катастрофа на американските бизниси

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop