Се вратија бурните ноќи од Лигата на шампионите во „Јане Сандански“. Македонскиот првак Вардар загуби од Нант со 32-33 во драматичен дуел.
Двата тима имаа свои минути и на крај решаваа еден-два напади. Во последната минута се влезе со нерешени 32-32. Малус не даде гол за водство, а на другата страна Французите погодија од пенал за победа.
Вардар четири ипол години нема победа во ЛШ, од оние 39-30 против Елверум во март 2022, но публиката им пееше на некомплетните вардарци после мечот.
Најефикасни кај Вардар беа Абделхак со 10 и Малус со 6 голови. Леополд со 13 голови беше прв стрелец на Нант.
Извор: sportmanija.mk


