Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

September 16, 2026
1 min read

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Таа информираше дека е одржан координативен состанок со партнерите на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција – JETIP, на кој бил разгледан досегашниот напредок и биле утврдени следните чекори за реализација на приоритетните инвестиции.

Во моментов, портфолиото на JETIP опфаќа 81 проект со вкупна вредност од околу 1,77 милијарди евра. Од оваа сума, за проекти во вредност од околу 460 милиони евра веќе е обезбедено финансирање.

„Продолжуваме со инвестиции и подготовка на проекти во обновливи извори, електропреносната мрежа и складирањето на енергија, паралелно со унапредување на регулаторната рамка“, истакна Божиновска.

Како особено важни документи за понатамошниот развој на енергетскиот сектор ги посочи Стратегијата за декарбонизација на ЕСМ и Мастер планот за развој на електропреносната мрежа на МЕПСО.

Според Божиновска, овие документи треба да создадат основа производството на електрична енергија, електропреносната мрежа и складирањето да се развиваат координирано, паралелно со постепената транзиција од јаглен кон почисти извори на енергија.

JETIP е национална платформа за координација на инвестициите и финансирањето поврзани со енергетската транзиција, со фокус на обновливите извори, модернизацијата на мрежата, складирањето и поддршката на заедниците и работниците погодени од транзицијата. (jetip.mk)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Следно

Вардарци поразени во пеколот во Скопје

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop