Аргатите зад вештачката интелигенција

July 22, 2023
1 min read

Популарниот ЧетГПТ  е базиран на системи за машинско учење, но тие системи се водени од човечки работници, од кои многумина не се платени нималку сјајно. NBC обелодени дека OpenAI, стартапот зад ЧетГПТ, ангажира армија нископлатени луѓе за сортирање и обележување на податоци кои се користат во обуката на четботот. Тие тоа го прават за 15 долари на час, што е минималец во некои сојузни држави.

„Ние сме мануелци, но немаше да постојат напредни системи за вештачка интелигенција без нас“, вели еден работник.„Можете да дизајнирате невронски мрежи колку што ги сакате, можете да ги имате сите истражувачи што ги сакате, но без обележувачи, немате ЧетГПТ, немате ништо“.

Етикетирање (тагирање) на податоците е интегрален процес на парсирање на податоците кој им помага на автоматизираните системи подобро да идентификуваат одредени ставки во базата на податоци. Обележувачите означуваат ставки (без разлика дали се тоа различни визуелни слики или делови од текст), така што машините можат сами да научат подобро да ги идентификуваат.

Претходно, оваа функција се аутсорсираше со луѓе од Африка кои беа плаќани и по само 2 долари на час. Ниско платените аргати од Кенија помогнаа OpenAI да изгради систем за филтрација што отстранува непријатни или навредливи материјали. За да се постигне ова, тие со денови морале да гледаат вознемирувачки материјали, вклучувајќи описи на убиства, тортури, сексуални насилства и инцести.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо сам си направи сериозен проблем кој може да го чини милиони eвра (ФОТО)

Следно

Османи и Бектеши го осудија „палењето на возилото и обидот за напад врз Груби”

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop