Мицкоски: Карпошани избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на САД

October 31, 2025
1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање околу заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка, одговори дека карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД.

– Карпошани на овие избори избраа да не поддржат човек кој е на црната листа на нашиот стартешки партнер САД, избраа да не поддржат човек којшто е осуден за криминал од прв степен од Основниот суд, и карпошани во првиот круг му дадоа огромна доверба на Сотир Лукровски, кој пред неговиот противкандидат води со 1500 гласа разлика. Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат со ова што ќе го кажам а тоа е дека нема да поддржат кандидати кои се наоѓаат на црната листа поради криминал кај нашиот стратешки партнер САД и нема да поддржат осудени во прв степен лица кои на овие локални избори излегуваат и се обидуваат со старите трикови да ја добијат поддршката на карпошани, рече Мицкоски во изјава за медиуми на мини митингот во Центар.

Појасни дека во тој контекст ја гледа и средбата меѓу кандидатката на СДСМ Маја Мојсова и како што рече, идниот градоначалник на Општина Карпош Сотир Лукровски.

– Можеби вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа за сторен криминал кај нашиот стратешки партнер и дали поддржува лице кое е осудено во прв степен заради сторен криминал. Можеби тоа е вистинското прашање, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче, пак, денеска на прес-конференција кажа дека нема ниту договор за поддршка на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ, Маја Мојсовска од првиот изборен круг со Стевчо Јакимовски. – Не станува збор за никаков договор, разговарав и со Маја ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и едне пост, тоа го препишувам на политичко неискуство, нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот руг, рече Филипче.

Во однос на комбинаториките и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за партии и кандидати во вториот круг, Мицкоски рече дека е недвосмислена поддршката за кандидатот за Општина Центар од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.

– Јасно е моето присуство денеска затоа уште на самиот почеток кажав јасна недвосмислена и директна е поддршката којашто ја има Мирослав Лабудовиќ овде во Центар како кандидат за градоначалник и иден градоначалник за општина центар од редовите на движењето ЗНАМ. Јасна и недвосмислена е нашата поддршка за Максим Димитриевски во вториот круг во Општина Куманово, јасна и недвосмислена е нашата поддршка во сите општини каде што нашите коалициони партнери имаат трет противник, рече Мицкоски.

Тој кажа и дека неговото присуство вчера во Струга значело јасна и недвосмислена поддршка за независниот кандидат кој после првиот круг води во однос на неговиот противкандиат во Општина Струга, Менди Ќура.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски: „Скопје е будно – време е за промени“

Следно

Две лица ранети во Брисел во пресметка помеѓу банди

Latest from Blog

Училиштата во САД воведуваат дронови со бибер спреј : Нема да им избегате

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час

Муцунски: Немаме план Б за ЕУ, но не прифаќаме решение по секоја цена

Министерот за надворешни работи ја обвини претходната власт за создавање хаос преку прифаќање непромислени обврски и убедување на Софија дека обични записници се правно обврзувачки документи. Надминувањето на билатералниот проблем е клучниот

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци

Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за Коридор 8

Во Софија денеска се одржа првиот состанок на заедничката работна група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовката и реализацијата на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8 – еден од клучните инфраструктурни
Go toTop