Арачиново доби градинка, капацитетот е 115 деца

March 7, 2025
1 min read

Деца облечени во народна носија, со песна и оро. Со ваква прослава беше отворена градинката „Фатосат“ во Харачинo.

Црвената лента ја пресече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во својот говор, тој политички поентираше, нагласувајќи дека не се дестабилизатори оние што отвораат градинки.

-Без разлика на злонамерните коментари што нè прикажуваат како опасни и дестабилизирачки, не се дестабилизатори и предизвикувачи на немири оние што отвораат градинки, што отвораат универзитети. Токму таму каде што некогаш се правеа планови за уништување на Албанците, денес се отвораат универзитети. Антиалбанските центри денес се пред трибуналите и одговараат за злосторства и геноцид, изјави Али Ахмети лидер на ДУИ.

Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими, истакна дека оваа градинка има капацитет за 115 деца.

-Оваа градинка има капацитет за 115 деца, но земајќи го предвид големиот број на основци, потребите се многу поголеми и затоа во иднина ќе работиме на зголемување на капацитетите, изјави Ридван Ибрахими, градоначалник на Арачиново.

Директорката на градинката нагласи дека општината одамна имала потреба од ваков објект.

-Денес е посебен и значаен ден за нас, ги отвораме вратите на градинката „Фатосат“, институција што долго време му недостигаше на Арачино, изјави директорката на градинката во Арачиново, Дрита Исени.

Оваа градинка беше подготвена за отворање уште пред три месеци, но не се пушташе во функција. Градоначалникот Ибрахими го обвинуваше министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, дека поради политички причини ја држи градинката во заложништво, но Лимани ги негираше обвинувањата, велејќи дека не треба да се прави политика со ова прашање, бидејќи документацијата била во процедура.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип

Следно

ОН: 750.000 раселени лица се вратиле во своите домови во Сирија од ноември 2024

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop