Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип

March 7, 2025
1 min read

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање.

Од СВР – Штип информираа дека во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.

Според првичните сознанија од терен, во сообраќајната несреќа дошло до директен судир на патнички автомобили фолксваген и пежо, при што кај едното возилоизбувнал пожар и тоа целосно изгорело.

На терен е екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, а увид на местото на несреќата прави екипа од Полициската станица во Кочани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава

Следно

Арачиново доби градинка, капацитетот е 115 деца

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop