Апсења на подрачје на Центар: Приведени осум лица поради дрога

January 23, 2023
1 min read

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ имале акции на подрачје на Центар, при што уапсиле осум лица поради дрога.

Најпрво вчера во 13.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(36) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 16.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Т.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, синоќа во 21.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Последниот случај е регистриран минатата ноќ (23.01.2023) во 01.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Љ.С.(34) од Ново Село, С.Р.(18) од Скопје, С.Ј.(20) од Велес, Р.М.(22) од Струмица и П.К.(25) од Скопје. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дел од ослободена Украина не е пресреќна што е ослободена

Следно

Полскиот премиер: Ќе испратиме тенкови Леопард 2 во Украина, германската дозвола е ирелевантна

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop