Апелација ја прифати жалбата да го пушти од куќен притвор, Беким Незири на слобода

January 26, 2024
1 min read

Откако судија на претходна постапка не го прифати барањето на обвинителството за притвор, Кривичен совет ги смести во домашен, а сега Апелација ја прифати неговата жалба и го пушти на слобода. На негова страна застанало и вишото обвинителство. Сите се согласни дека нема доволно докази координаторот на ДУИ во Чаир, Незири и уште еден осомничен да се бранат од слобода. Па, така наводите на обвинителството кое ги гони дека овие и уште шест други лица од кои по дел се трагаше со денови нема да го повторат делото, нема да влијаат на сведоци, бидејќи за тоа и нема докази, се наведува во денешната одлука на Апелација.

„Оцени дека во решенијата на истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат,“ се вели во соопштението на Апелација.

И за Алмир Рамдедовиќ нема потреба да биде постојано во својот дом. Тој е осомничен дека ја крена рампата, како дел од обезбедувањето на компанијата „2СС“, а Апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот. Токму за пропустите кои ги направил овој вработен, се наведени во извештајот на агенцијата за цивилно воздухопловство кој го презентираше директорот Томислав Тунтев. Таму категорично се бара кривична одговорност, со оглед дека ова лице како дел од компанијата кренало две рампи, за насилниците со две коли да упаднат во контролата на летање.

За останатите осомничени, судот, исто така, првично не одреди притвор, за потоа кривичниот совет да ги смести во домашен притвор

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сушено овошје кое содржи витамин Д

Следно

Кина бара од Иран да ги спречи нападите на Хутите во Црвеното Море

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop