Антоновски во Аргумент плус: Предизвик, но и голема одговорност да се пишуваат книги за деца

February 14, 2025
1 min read

Писателот и добитник на наградa на Друштвото на писатели на Македонија, Иван Антоновски во Аргумент плус рече дека оваа награда му е најдрага награда која ја има добиено. Тој зборуваше и за новите реформи кои ги најави Министерката за образование и наука Весна Јанеска поврзани со предметите Филозофија, Етика и Логика.

„Морам да кажам дека оваа нагрда ми е нaјдрагата добиена награда досега од причини од кои истата доаѓа од фелата и се однесува на книжевност за деца. Писателите својот глас најдобро го изнесуваат преку своите дела. Колку тие пораки допираат до читателите ако се однесуваат на општествена стварност. Кога говориме за книги за деца живееме кога ни недостига искреност, време кога мислиме дека најлесно е да се пишува за деца но одговорноста е голема која се понесува и најкомплексно е да се одговори на предизвикот“, изјави Антоновски.

Во однос на новата гимназиска концепција, Антоновски рече дека проблематичен е севкупниот однос кон хуманистиката.

„Ова е нешто за кое години наназад алармираме. Ова е резултат на тоа секогаш кога зборуваме за реформи бараме да се подготват набрзина и не прв пат во нашата современа историја да сведочиме на ваков тип на пропусти, важен е гласот на фелата но во исто време се потребни и реформи. Идејата е да се изнајде начин како тие реформи нема да се краткорочни туку една стратегија долга што нем да зависи од идејата и политиката на маркетингот на одредени политички елити“, рече Антоновски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Уморен сум од шпекулациите за Винисиус

Следно

Важно известување за граѓаните кои чекаат исплата за МојДДВ

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop