Андоновски: Средните училишта треба да се надлежни за инфраструктурата

February 23, 2023
1 min read

Се соочуваме со проблем, а тоа е основната инфраструктура која ја има Град Скопје и која ја користат средните училишта кои се во надлежност на Град Скопје, но и други установи под Град Скопје. А тоа е дека таа, инфраструктурата  не може да се дава под закуп и ја прави Одлуката неприменлива. Ние гласавме во 2022 година за оваа Одлука бидејќи мислевме процесот ќе биде попрактичен. И ова носење на Одлуката сега, оваа изменета предлог одлука е задоцнето зашто се појавија проблеми, односно децата не може да тренираат како што тренирале до сега, образложи денеска Стефан Андоновски, советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Одлуката, објасни тој, го почитува Законот за локална самоуправа, Законот за располагање и користење на ствари во државна состојба и Законот за електронско наддавање. Со изменетата предлог одлука се менува делот што вели дека градоначалникот е надлежен за целата постапка, а што се покажа како неефикасна, а и приватниот сектор не сака да инвестира во инфраструктурата во средните училишта поточно салите, ако се носат нови одлуки секоја година.

„Градот даде мислење, а јас спорам со истото. Според Градот училиштата во инфраструктурата не можат да сменат прозорец, треба тоа да го прави преку постапка Градот. Си останува согласно предлог одлуката надзорот да го вршат надлежните сектори од Градот, и Советот преку годишните извештаи, но работата мора да ја тераат училиштата“, рече Андоновски.

Андоновски, појасни и дека не е работа на советници да пишуваат предлог одлуки и додаде „но надлежните во Градот не наоѓаат сходно да помогнат, би требало кога виделе дека истата не функционира да кажат“.

„Се виде кога се појави реален проблем, а тоа е дека деца во јануари вежбаат надвор. Значи треба да им се даде на училиштата право на трајно користење за да може полесно да функционираат, повторно контролата ќе ја има Советот за да почне постапката“, посочи Андоновски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦРН ОБЛАК НАД СКОПЈЕ: Пожар во Железара (ФОТО+ВИДЕО)

Следно

Куче му ги изело картите за важниот натпревар, го продава за 5 фунти

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со Генералната конзулка на Република Грција, г-ѓа Деспина Ипиоти, посветена на можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен

Изет Меџити го реализира ветеното: „Цветан Димов“ тргнува кон изградба

Советниците на коалицијата ВЛЕН во Советот на Град Скопје ја изгласаа одлуката со која големиот инфраструктурен проект на улицата „Цветан Димов“ во Општина Чаир доби зелено светло за реализација. Со ова, проектот

Проданоски: Гласот на граѓаните е водилка за развојот на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека секоја одлука и секој чекор на локалната самоуправа произлегуваат директно од потребите, идеите и очекувањата на граѓаните. Според него, вистинскиот развој на градот е

Косио: Куба е подготвена на „смислен“ дијалог со САД, но не и за промена на уставниот поредок

– Не сме подготвени да разговараме за нашиот уставен поредок, исто како што претпоставуваме дека САД не се подготвени да разговараат за својот уставен поредок, политички систем или економска реалност, наведе Косио.
Go toTop