Андоновски: Реприза на дуелот Дафкова-Пендаровски не би исклучил, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го објавиме на крајот од јануари

December 1, 2023
1 min read

реклама


Секретарот за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 вели дека кандидатот на партијата ќе го објават на крајот од јануари.

„Од изборот на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори е малку поразличен затоа што ВМРО-ДПМНЕ сама избира кандидат, што значи на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, што според моите информации ќе се одржи таму крајот на јануари, почеток на февруари, ние ќе избереме кандидат од сите потенцијални кандидати кои што ќе пројават интерес на таа конвенција и тогаш ВМРО-ДПМНЕ целосно си застанува и со правата, но и со обврските позади тој кандидат“, вели Андоновски.

реклама

Тој додава дека овој период се на слатки маки, затоа што навистина се квалитетни потенцијалните кандидати.

Сепак, Андоновски не би исклучил реприза на дуелот Гордана Силјановска Дафкова vs. Стево Пендаровски.

реклама

„Јас не би го исклучил тоа, но ситуацијата е многу поразлична денеска. Пендаровски по пет години покажа како не треба да се води една држава, како е да се биде партизиран, едностран, поддржувач само на политиките на Зоран Заев прво, потоа на Ковачевски и апологет кој што денеска кажува едно, тоа е најверојатно неговото мислење, а потоа кога ќе го прекорат во рамки на Кабинетот, следниот ден веднаш се повлекува и ја поддржува власта. Од другата страна ја имаме проф. Силјановска која што па за овие 4 години член на Парламентот покажа исклучителен интегритет, свое размислување, свежи идеи, квалитет во смисла како пратеник“, додаде Андоновски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Битиќи за изјавата на Зекири: Владата го донесе заклучокот но не ја покажува формата на спроведување

Следно

О’Брајан по средбата со ВМРО-ДПМНЕ: „Ако не кажува каква понуда има, од него не треба да купите ни автомобил“

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата
Go toTop