Американските сили изврши воздушни напади во Ирак

December 26, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американската војска вчера изврши воздушни напади врз позиции на групата „Катаиб Хезбола“ во Ирак, поддржана од Иран, јавува Анадолу.

САД извршија напади врз позициите на силите во Ирак што соработуваат со Иран по нападот со беспилотно летало во кој беа ранети тројца американски војници, од кои еден е во критична состојба.

„Како одговор на повеќекратните напади врз коалициските сили во Ирак и Сирија, американските воени сили извршија воздушни напади врз повеќе објекти што ги користат „Катаеб Хезболах“ и сродните групи во Ирак“, соопшти американската Централна команда (ЦЕНКТОМ).

„Во воздушните напади беа уништени објекти што биле цел и веројатно се убиени голем број милитанти на Катаеб Хезболах“, додаде ЦЕНКТОМ, истакнувајќи дека нема погодени цивили.

„Овие напади имаат цел да ги повикаат на одговорност елементите што директно се одговорни за нападите врз коалициските сили во Ирак и Сирија и да ја намалат нивната способност да продолжат со нападите. Ние секогаш ќе ги штитиме нашите сили“, рече командантот на ЦЕНТКОМ, генералот Мајкл Ерик Курила.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, објави дека биле извршени „неопходни и пропорционални“ напади, по наредба на претседателот Џо Бајден, врз три објекти што ги користат Катаеб Хезболах и сродните групи во Ирак.

„И да бидам јасен – претседателот и јас нема да се двоумиме да ги преземеме неопходните активности за да ги браниме Соединетите Американски Држави, нашите војници и нашите интереси. Нема поголем приоритет. Иако не сакаме да ескалира конфликт во регионот, ние сме посветени и целосно подготвени да преземеме понатамошни неопходни активности за заштита на нашиот народ и нашите објекти“, нагласи Остин.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Завршни зборови за „Беса Транс“ на 17 јануари 

Следно

Тони Зен, Куку Леле, Ѓоко и Кате вечерва ќе ги забавуваат аеродромци

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop