Американскиот војник кој се самозапали оставил порака неговата пепел да биде расфрлена низ слободна Палестина

March 2, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Припадникот на Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД), Арон Бушнел, кој почина откако се самозапали во знак на протест против израелската војна во Газа, во својот тестамент напишал дека сака неговата пепел да биде расфрлена во слободна Палестина, јавува Анадолу.

„Жал ми е брат и мои пријатели што ве оставам вака. Секако, ако навистина ми беше жал, не би го правел ова. Но, машината бара крв. Ништо од ова не е фер“, напиша Бушнел пред да се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон минатата недела, пишува во Мемоарите на Арон Бушнел, напис објавен на веб-страницата Криметинк (Crimethinc).

„Посакувам моите посмртни останки да бидат кремирани. Не сакам мојата пепел да биде расфрлана или моите посмртни останки да бидат погребани бидејќи моето тело не припаѓа никаде на овој свет“, напишал тој.

„Ако дојде време Палестинците да ја вратат контролата врз својата земја, и ако луѓето родени во земјата би биле отворени за можноста, би сакал мојата пепел да биде расфрлана во слободна Палестина“, додава тој.

Бушнел (25), активен припадник на воздухопловните сили, се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон.

„Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид. Ќе изведам екстремен чин на протест, но во споредба со она што луѓето го доживуваат во Палестина од рацете на нивните колонизатори, ова воопшто не е екстремно. Ова е она што нашата владејачка класа одлучи дека ќе биде нормално“, рече тој за време на преносот во живо преку неговиот мобилен телефон.

Потоа тој се полеа со бензин, и се запали.

Облечен во воена униформа, Бушнел континуирано извикуваше „Слобода за Палестина“, додека повеќе не можеше да зборува.

Полициски службеник од амбасадата потоа го насочи огненото оружје кон Бушнел, кој е зафатен од пламен, додека друг се обиде да го изгаси огнот велејќи: „Не ми треба оружје. Ми треба противпожарен апарат“.

Одделот на метрополитенската полиција на Вашингтон потврди дека Бушнел починал откако се самозапалил.

Воздухопловните сили на САД за протестот на Бушнел рекоа дека е „трагедија“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бобан Илиоски на квалификациски турнир во бокс ќе „брка“ норма за пласман на ОИ во Парис

Следно

Живот на шкрги за скромен стан во Скопје

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop