Американскиот рапер Лил Џон премина во ислам

March 17, 2024
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Американскиот рапер, текстописец и продуцент Лил Џон премина во исламот во џамија во Калифорнија, јавува Анадолу.

Во петокот, Џон ја посети џамијата Крал Фахад во Лос Анџелес и јавно го објави своето преминување во ислам пред многу муслимански верници.

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како американскиот рапер пред имамот на џамијата го кажува калиме-и шехадетот, со што јавно ја објави својата припадност кон исламот.

Лил Џон е роден во Атланта, Џорџија, во 1971 година, а неговото вистинско име е Џонатан Смит.

Музичарот се здоби со слава со својата пионерска улога во промоцијата на поджанрот хип-хоп во раните 2000-ти. Тој има повеќе од милион следбеници на социјалните мрежи. Продуцираше многу хит синглови.

Беше фронтмен на музичката група The East Side Boyz, со која стана добитник на бројни златни и платинести музички награди.

Како продуцент учествуваше во создавањето на многу хитови како што се Goodies и Yeah! за што доби Греми награда за најдобра рап/вокална соработка. Песната Turn Down for What снимена од него и Диџеј Снејк стана планетарен хит кој освои бројни награди, а една од нив е и Билбордовата за најдобра електронска песна.

Како специјален гостин се појави и во филмовите „Авион со душа“ и „Мрак филм 4“.

По американскиот писател и активист Шон Кинг, Лил Џон стана вториот познат Американец кој премина во исламот во првата недела од Рамазан, муслиманскиот месец на постот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Следно

19 берачи на тартуфи загинаа во експлозија на мина

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop