Променливо облачно време со локални врнежи од дожд

March 17, 2024
1 min read

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно од пладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје најавено е променливо облачно време, од пладневните часови со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Условите за појава на краткотраен дожд утре ќе се намалат, а во вторник времето повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд. Температурите до вторник ќе бидат без некои поголеми промени. Во среда се очекуваат врнежи од дожд, ќе започне да дува северен ветер, поради што се очекува благ пад на дневната температура

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев и Алкараз во финалето на Индијан Велс

Следно

Американскиот рапер Лил Џон премина во ислам

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop