Американскиот ЦДЦ: Смртоносната габична инфекција се шири низ САД со алармантна брзина

March 21, 2023
1 min read

Бројот на случаи во САД речиси се удвои во 2021 година од 756 на 1 471, се вели во извештајот на ЦДЦ. Повеќето од тестираните случаи биле имуни на лековите. Многу од пациентите се во болниците и во старечките домови

Смртоносна габична инфекција со кандида аурис (candida auris) која тешко се лекува, се шири со „алармантна“ брзина, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Сепак, нагласуваат оттаму, здравите луѓе не се во животна опасност. Оние со послаб имунолошки систем и оние што користат респиратори и катетери може сериозно да се разболат или да умрат.

Бројот на случаи во САД речиси се удвои во 2021 година од 756 на 1 471, се вели во извештајот на ЦДЦ. Повеќето од тестираните случаи биле имуни на лековите. Многу од пациентите се во болниците и во старечките домови.

„Еден од тројца пациенти со оваа инвазивна инфекција умира, но тешко е да се процени каква улога има инфекцијата со кандида аурис во смртноста кај ранливите пациенти“,

рече д-р Меган Лајман, главен автор на извештајот.

Инфекцијата првпат беше пријавена во САД во 2016 година. Најбрзо зголемување на случаите беше од 2020 до 2021 година, според податоците на ЦДЦ. Научниците се загрижени бидејќи заедно со зголемувањето на случаите, забележана е и имуност на лековите кои се користат за лекување на овој тип на инфекција.

Се наведува дека состојбата е влошена од пандемијата, а зголемување на заболените од кандида аурис се бележи и во други земји.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Секоја година во ист месец ги каснува куче – докази за новиот растечки „бизнис“ во земјава

Следно

ВИДЕО: Изненадување на последниот тренинг на фудбалерите, еве кој ги посети

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop