Американската армија спречи напад врз база во Западна Сирија соборувајќи две беспилотни летала

January 4, 2024
1 min read

ТАЛ АБЈАД (АА) – Американската армија го спречи синоќешниот напад врз нејзината база во Западна Сирија, соборувајќи две беспилотни летала, соопштија локални извори, пренесува Анадолу.

Изворите додаваат дека две деца биле повредени кога едно од беспилотните летала паднало врз населба во близина на базата.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот на американската воена база во регионот Ал Танф во покраината Хомс во близина на границата со Јордан.

САД не го коментираа инцидентот.

Едно од беспилотните летала се урна во близина на населбата блиску базата, повредувајќи две деца, изјавија изворите што бараа да останат анонимни.

Беспилотни летала и неидентификувано оружје земја-земја се користени во неодамнешните напади врз американските воени бази во регионот Ал Танф, областа Маликије во близина на границата со Ирак, областа Шадади во покраината Хасака и покраината Деир ез-Зор.

Групите поддржани од Иран повремено извршуваат ракетни и беспилотни напади врз американските бази на источниот брег на Еуфрат.

Во говорот од 17 октомври иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека „силите на отпорот“ ќе преземат акција доколку продолжат нападите на Израел.

Потоа почнаа нападите со беспилотни летала и ракетни летала врз американските воени бази во Сирија и Ирак. Нападите ги вршат групи поддржани од Иран во Сирија и Ирак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојкова-Серафимовска: ВМРО-ДПМНЕ има сериозен одржлив и економски план за чиста животна средина и намалување на аерозагадувањето

Следно

7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови – и маркетите нема да работат

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop