Америка најде етничко чистење во Судан, ама не и во Газа

February 6, 2024
1 min read

Кон крајот на ланскиот ноември, 50 хуманитарни организации побараа од американскиот државен секретар Антони Блинкен да донесе одлука за сторени воени злосторства во Судан. Само шест дена откако го доби нивното писмо, Блинкен донесе таква одлука и ги прогласи суданската армија и една од завојуваните страни за виновни за воени злосторства, плус за етничко чистење и за злосторства против човештвото.

За активистите за човекови права тоа беше фина победа бидејќи таква оценка има важни импликации и создава рамка за економски санкции, ограничување на трговијата со оружје и слични казни.

Ок.

Околу 1.700 километри од главниот град на Судан, Картум, во Газа секојдневно се случуваат дебело документирани воени злосторства. Тие не само што минуваат неказнето туку и американските власти избегнуваат да го осудат однесувањето на Израел.

Речиси секојдневно, портпаролот на Стејт департментот одговара на прашања од медиумите и рутински бива притиснат со наводи и докази за злосторства извршени од израелските сили: пукање во цивили, бомбардирање на болници, џамии, училишта, универзитети или станбени згради или пак прекин на храна, гориво и лекови.

Стејт департментот упорно одбива да го квалификува тоа, велејќи дека дејствијата на некои делови на безбедносните сили или пак ставовите на некои министри не ја претставуваат официјалната израелска позиција.

„Императив е САД да ја проценат усогласеноста на Израел со меѓународното право бидејќи многу од оружјето што израелската војска го користи за убивање цивили или уништување домови и медицински установи е произведено во САД и е платено од американските даночни обврзници“, вели Џон Раминг Чапел, застапник на Центарот за цивили во конфликт. „Со обезбедување на воена помош која вака се користи, Америка ризикува да биде соучесник во можни случаи за воени злосторства“.

Само во првиот месец од војната, Израел на Газа фрли над 22.000 американски бомби. Помеѓу октомври и крајот на декември 2023 година, САД испорачале повеќе од 10.000 тони вооружување и опрема а израелското министерство за одбрана нарачало 2,8 милијарди долари дополнително оружје и опрема од Америка.

До октомври 2023, САД- Израел имаа околу 600 продажни договори, со вкупна вредност од 23,8 милијарди долари. Заедно со другите продажни канали, САД му имаат дадено на Израел билатерална воена помош од 158 милијарди долари, повеќе отколку на која било друга земја после Втората светска војна.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ распиша јавен повик за избор на кандидат за претседател државата

Следно

ПРИНЦОТ ХАРИ ИТНО ПРИСТИГНА ВО ЛОНДОН – што се случува во кралското семејство?

Latest from Blog

Коњановски: Битола е горда со Михаил, младиот битолчанец кој спаси тричлено семејство

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска во својот кабинет се сретна со младиот битолчанец Михаил Николовски, кој неодамна спаси тричлено семејство во разбрануваното море на една од грчките плажи. Според раскажувањето на

Божиновска: Австриските компании имаат простор за инвестиции во македонската енергетика

Гасификација, интерконектори, батериски системи, обновливи извори, енергетска ефикасност и модернизација на мрежата меѓу приоритетите – отворен простор за австриските технологии и инвестиции Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат
Go toTop