Алкарас: Се уште сум болен, но ја забавувам публиката

November 14, 2024
1 min read

Карлос Алкарас поради болест имаше проблеми со дишењето и вчера не го одработи предвидениот тренинг, но и покрај тоа што се мачи, денеска излезе на теренот и даде се од себе во дуелот со Андреј Рубљов.

– Сум имал многу подобри денови, имам проблеми со здравјето веќе неколку дена. Ова утро мислев дека ќе ми биде подобро во текот на денот, но бев подготвен колку да излезам на терен.И покрај проблемите, излегов да играм и да ја забавувам публиката. Понудив тенис на високо ниво и публиката уживаше. Не ми успеа тоа во првиот меч со Руд, па затоа сум задоволен од тоа што го понудив денес.

 Се уште сум болен, дури и се изненадив колку добро одиграв. Не се чувствувам најдобро, па затоа оваа победа ме прави уште позадоволен. Се обидов да се фокусирам на мечот и да заборавам на моето здравје. Кога еднаш ќе излезеш на терен, мора да заборавите на сите маки кои ги имате надвор од него. Останувам да се борам, се надевам дека ќе бидам подобар за два дена, – изјави Алкарас.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џон Тун избран за лидер на републиканците во американскиот Сенат

Следно

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек
Go toTop