Алиу се откажа од катните гаражи на Таравари

August 7, 2025
1 min read

Нема да се градат катни гаражи во скопскиот клинички центар, а цената за паркирање нема да биде за сите иста. Министерот за здравство со ново решение за проблемот кој со години наназад чека на реализација.

Алиу вели дека во оваа фаза не гледаат потреба за изградба на гаражи, туку со адптација на дел од постојниот простор двојно ќе се зголемат паркинг местата….

Азир Алиу – Министер за здравство

„Имаме голем простор во кампусот што не е искористен, знаете дека позади некои клиники има простор што не е достапен ниту за пешаци ниту за коли, работат архитекти, трета фаза ќе биде ако имаме потреба и ако се покаже дека и со оваа оптимизација нема да биде доволно ќе биде катна гаража но ние сме прилично сигурни дека нема да треба.“

Како ќе се одредува цената што ќе ја плаќаат пациентите, лекарите и граѓаните, и како ќе се знае кој во функција дошол на клинички, допрва ќе се утврдува… Алиу вели дека цените се формираат, по што ќе информира понконкретно. 

Азир Алиу – Министер за здравство

„За онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен – 0 денари, за пациенти влезот ќе биде евтин, не знам колку е цената сега да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои што доаѓаат заради икс причини ќе има четврта цена, ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, ќе биде каскаден систем, почнувајќи од 0 денари до цени кои што ќе бидат за граѓаните различни, кога зборуваме за граѓани кои што не се пациенти и не доаѓаат со упат за здравствена услуга тука“….

Паркингот во најголемиот медицински комплекс во земјава е долгогодишен проблем за пациентите кои доаѓаат од сите градови, но и за вработените……Со години наназад се најавуваа различни решенија од различни министри, но без никаква реализација на терен.

Последниот обид за решавање на сообраќајниот хаосот беше со изградба на катни гаражи, но тендерот на екс министерот Таравари се поништи по реакциите во јавноста,  бидејќи се јави само една странска фирма која според договорот требаше на државата да и дава само 1% од годишниот приход.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флотила со семејствата на израелските заложници се движи кон Газа во знак на протест поради негрижата на Владата

Следно

ОН предупредуваат на алармантен пад од 40 % на хуманитарните фондови во 2025 година

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop