Алијанса ги предлага Фатмир Меџити за нов министер за здравство, Кренар Лога за правда

February 10, 2023
1 min read

Новиот коалициски партнер во Владата, објави ТВ Телма, веројатно ќе го добие и Министерството за информатичко општество и администрација за каде за министер се предлага Азир Алиу

Најавената средба за денеска попладне помеѓу претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заврши.

Таа доаѓа откако вчера Алијанса одлучи да влезе во Владата, па за денеска Таравари најави и потпишување на синхронизираните програми. Неговата партија, како што потврди, ќе добие три министерски места и двајца заменик-министри.

Според информациите на ТВ Телма, неврологот Фатмир Меџити е кадровското решение на Алијанса за нов министер за здравство на местото на Беким Сали (Алтернатива), а Кренар Лога за министер за правда на местото на Никола Тупанчески (СДСМ).

Вјолца Бериша, пак, ќе биде заменик-министерка за земјоделство, а Тирон Јахјага заменик во Одбрана.

Таравари вчера рече дека третото министерско место ќе биде или за информатичко општество и администрација или, пак, вицепремиер за економски прашања.

Засега нема официјална потврда кое од овие две места ќе го добие Алијанса, но според извори на Телма, тоа ќе биде Министерството за информатичко општество и администрација, каде се предлага министер да биде Азир Алиу.

Во моментов со ова министерство раководи Адмирим Алити од Алтернатива од каде доаѓа и актуелниот министер за здравство Беким Сали.

Оваа партија досега не одлучи дали ќе остане во Владата или ќе премине во опозиција. Она што попладнево го најавија е дека в недела Централното собрание ќе го донесе конечниот став.

Покрај новите имиња во владата кои ќе дојдат од новиот коалициски партнер, промени ќе има и во министерските редови пополнети од СДСМ.

„360 степени“ веќе објави дека социјалдемократите ќе го преземат Министерството за животна средина и просторно планирање од ДУИ, па така на местото на Насер Нуредини ќе дојде Каја Шулева, која е актуелна државна секретарка во овој ресор.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши средбата Ковачевски-Таравари, потврден договор за коалиција

Следно

Ердоган призна дека одговорот на властите по земјотресот не бил толку брз

Latest from Blog

Обвинет во случајот „Пулс“ тврди дека е болен: „Однесете ме и во притвор, не можам да доаѓам на судења“

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжи со нови тензии во судницата, откако еден од обвинетите изјави дека поради здравствена состојба не може редовно да присуствува на рочиштата. Обвинетиот Гроздан

Карик: Ова не беше наша ноќ

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не го криеше своето незадоволство од лошиот настап на неговите избраници на синоќешното гостување кај Њукасл, во рамките од новото коло во Премиер лигата, кое патем

Адвокатите на обвинетите бараат спојување на две постапки за пожарот во Кочани – не може да има два предмета за ист настан

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука дали да се спои постапката за пожарот во „Пулс“ со постапката против 13 полицајци обвинети за Тешки дела против општата сигурност за предметот во

Градоначалникот Коњановски го поздрави големиот настап на РК „Еурофарм Пелистер“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вчера ја истакна важноста на спортскиот епитет на градот, по повод големиот ракометен ден. Денот започна со третиот потпис на ракометната платформа, што ја потврдува посветеноста

Стентон Градба го модернизира возниот парк – 10 четириосовински камиони за подобра транспортна логистика

Градежната компанија „Стентон Градба“ ја зајакна својата транспортна логистика со набавка на 10 нови камиони – четириосовинци (8×4), наменети за работа на терен и транспорт на материјали во рамки на тековните и
Go toTop