Али Хаменеи: Труењето на ученички во Иран е „непростлив криминал“

March 6, 2023
1 min read

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи го осуди бранот сомнителни напади со отров, кои засегнаа девојчиња во десетици училишта, како „непростлив криминал“.

– Сторителите на ова злосторство мора да бидат сериозно казнети. Нема да има амнестија за такви луѓе, рече денеска ајатолахот Али Хаменеи, пренесе ДПА повикувајќи се на државните ирански медиуми.

Ова беше прв пат Хаменеи, кој го има последниот збор во сите големи државни работи, да го коментира труењето што ги загрижува родителите низ целата земја.

Првите случаи на мистериозни заболувања беа пријавени во ноември. Оттогаш, стотици ученички биле лекувани во болници низ целата земја.

Речиси исклучиво биле погодени училишта за девојчиња. Родителите и роднините се лути особено затоа што сè уште нема официјално објаснување.

Владата на Иран верува дека девојчињата се намерно отруени, можеби од групи кои се спротивставуваат на образованието на девојчињата.

Лекарите сугерираат дека некој вид токсичен гас може да биде извор на нападите. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Белорускиот суд ја осуди опозициската лидерка Светлана Тихановскаja на 15 години затвор

Следно

Тренчевска: Утврдено е дека семејството на деветмесечното бебе живее во добри услови, Омбудсманот отвори случај

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop