Али Ахмети: Европскиот фронт и се спротивставува на Русија и го отвора патот кон Европа

March 19, 2024
1 min read

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната прес-конференција ја официјализираше коалицијата на Европскиот фронт со лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи-Зејд.

Зошто правиме максимални напори за членство на нашата земја во Европската Унија? Бидејќи тоа е единствената алтернатива. Како да го запреме иселувањето на нашиот народ, ова проретчување може да се запре само со влез на земјата во ЕУ, како што тоа го направија земјите што денес се во ЕУ и нивниот народ се враќа во огништата на своите предци.

Зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ? Затоа што не само на нашата земја, туку и на Балканот му е потребен повеќе мир и стабилност, за повеќе иднина затоа што сето ова што се случува околу нас и подалеку од нас, има име, се вика Русија и ние не случајно се договоривме и со Скендер Реџепи, ДА на Европа, а НЕ на Русија.

Русија не е залак што треба да се потцени, затоа што влезе во нашата земја, кај нас формираше партии, кај нас има медиуми, кај нас воспостави милитанти кои сакаат да го скршат нашиот цврст воспоставен пат. Ние сакаме мирен Балкан и сакаме нашата земја да биде мирна и да се приклучи како што сме во НАТО и во ЕУ.

Затоа, Ве повикувам како браќа и сестри на целосна мобилизација, на 24 април ние имаме референдум, дали ќе одиме напред или ќе останеме заглавени во место. На 8-ми мај ќе се одлучува и за повторување на овој референдум, ќе одиме напред или ќе заглавиме на место?

Очигледно ни е важно да победиме на овие избори и на овој референдум без прашање, останатото е на нас кои ни го доверивме како ќе ги развиваме настаните што следат по 8 мај.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН прогласија „црвен аларм“ поради климатските промени

Следно

Мегваер летна трансфер цел на Вест Хем

Latest from Blog

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект
Go toTop