Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност поради фаталното пукање на филмски сет

January 19, 2023
1 min read

Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и парична казна од 5 000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата, исто така, вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол

Актерот Алек Болдвин ќе се соочи со обвинение за ненамерно убиство во фаталното пукање на директорката на фотографија Халина Хачинс која беше убиена во Ново Мексико за време на филмски сет на филмот „Раст“ (Rust), соопшти окружниот обвинител во Санта Фе, наведувајќи го „криминалното непочитување на безбедноста“.

Со истото обвинение ќе се соочи и Хана Гутиерез-Рид, која била задолжена за надгледување на оружјето за филмот кој се снимаше во 2021 година.

Според најавите на окружниот обвинител на Санта Фе, обвиненијата ќе бидат поднесени до крајот на месецот.

Обвинението е кривично дело од четврти степен, казниво со затвор до 18 месеци и парична казна од 5 000 долари според законот во Ново Мексико. Обвиненијата, исто така, вклучуваат одредба што може да резултира со задолжителна петгодишна затворска казна бидејќи делото е извршено со пиштол.

За време на престрелката на филмскиот сет во 2021 година беше ранет и филмскиот режисер Џоел Соуза, но обвинителите соопштија дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со тоа.

Кинематограферката Халина Хачинс почина набргу откако беше ранета за време на пробите на ранчот на периферијата на Санта Фе на 21 октомври 2021 година.

Помошникот режисер кој му го дал пиштолот на Болдвин во раце, не знаел дека во него има вистински куршуми, пишува во извештајот на полицијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ели Апостоловска, единствена девојка меѓу храбрите, која скокна по крстот во водите на Вардар во Велес

Следно

КРАКЕН ОФИЦИЈАЛНО НЕ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВЕРОЈАТНО Е ПРИСУТЕН – тврди Комисијата за заразни болести, утре се очекуваат 10 резултати!

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop