Алегри за својата реакција по голот на Данило: И јас сум човек, ни го одземаа тоа што го стекнавме на теренот (Видео)

January 23, 2023
1 min read

Масимилијано Алегри обично е доста прибран кога Јувентус постигнува погодоци, но вчера тоа не беше случај во моментите кога Данило израмни на 3:3 во трилерот против Аталанта.

Во мечот со многу подеми и падови на двете страни, Јувентус и Аталанта на крајот одиграа нерешено и ги поделија бодовите, но во фокусот на италијанските новинари се најде еуфоричната реакција на Алегри.

Тренерот на Јуве во нормални услови е мирен и не реагира еуфорично на постигнати погодоци, но вчера направи исклучок по голот за 3:3 во вториот дел.

– И јас сум само човек. Се обидувам да останам мирен, но сепак сум само човек. Во вакви проблематични ситуации, сакав да прославам за моите момци. Тие се неверојатни, без оглед на тоа дали победуваат или губат, никогаш не изостанува посветеност, – изјави Алегри, кој смета дека Јувентус е сериозно оштетен со одземените 15 бода на табелата.

– Мора да продолжиме да работиме. Пред неколку дена бевме трети, сега сме десетти на табелата. Се чувствуваме како некој да ни одземал нешто за кое се изборивме на теренот, – изјави Алегри.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почнува изградбата на фекална мрежа на улицата „Радушка“ во Ѓорче Петров

Следно

Во пет градови ќе се одржат информативни сесии за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop