Албанија отвори 34 летни здравствени амбуланти за туристите

June 6, 2024
1 min read

Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.

Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочи, на социјалните мрежи објави дека во амбулантите се ангажирани околу 300 лекари и медицински сестри.

– Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за летувалците и туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. На северот од земјата има 10 здравствени амбуланти, во централниот дел 9 и во јужнот дел уште 15. Одделението за итна помош стави на располагање 20 фиксни станици за брза помош на летувалците во туристичките места, вели Кочи.

Медицинскиот персонал, како и изминатите години, гарантира 24/7 здравствена заштита и ќе функционираат до крајот на сезоната.

Минатата година, земјата забележа рекордна посетеност од над 10 милиони туристи, што е 2,5 милиони туристи повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските и македонските туристи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Македонија не настапувала цели 25 години: Балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ доаѓа во Македонија

Следно

Претседателот на ПСЖ: Нема повеќе ѕвезди, тимот е на првото место

Latest from Blog

Подолг работен ден во Германија? Се разгледуваат промени во работното време

Германија разгледува промени во организацијата на работното време, со кои ограничувањето би се пресметувало на неделно, наместо на дневно ниво. Предлогот би овозможил подолга работа во одредени денови, со почитување на вкупните

Божиновска за интерпелацијата: Благодарам што ми дадовте простор да го претставам сработеното

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во собраниската расправа за интерпелацијата поднесена од Левица порача дека ја прифаќа можноста да даде отчет за досегашната работа, но побара и од

Лина Настевска и Драган Николов од Скопје во финалето на Топ модел Европа

Скопје беше домаќин на балканското полуфинале на Топ модел Европа (Top Model Europe), кое неодамна се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Младите модели Лина Настевска и Драган Николов ги

Меџити: Промените во Србија се можност за нов пристап кон регионалната соработка

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во своја објава оцени дека во Србија „победила промената“, опишувајќи го исходот од предвремените парламентарни избори како тежок пораз за Александар Вучиќ
Go toTop