Алармантни бројки за децата во Македонија: 73% се изложени на насилство, 32% живеат во сиромаштија

February 19, 2025
2 mins read

Секое трето дете во земјата живее во сиромаштија, само едно од три деца постигнува минимално ниво на знаење по математика, читање и наука , а 73% од децата се изложени на физичко или емоционално насилство во домот е заклучокот од новата најновата Ситуациона анализа за децата и адолесцентите во земјата која ја изработи УНИЦЕФ.

Овие фактори имаат долгорочни последици врз развојот и благосостојбата на најмладите граѓани во земјата, што бара итна реакција и посветеност од институциите.

Македонија се соочува со значително намалување на детската популација, која во периодот од 2011 до 2023 година опаднала за 18%, достигнувајќи 368.731 деца. Фертилитетот останува под нивото, со стапка од 1,5 раѓања по жена во 2023 година. Урбанизацијата е во подем – 61% од новородените се во урбаните средини, додека земјата бележи нето-миграција од -1.000 луѓе годишно.

Јавната потрошувачка за децата покажува нерамномерност – додека издвојувањата за образование се на ниво слично на европскиот просек, финансирањето на здравството е пониско, а социјалната заштита најслабо финансирана. Според анализите за ефикасноста на трошењето, потребни се подобрувања во насока на поголема транспарентност и фокусирани инвестиции во поддршката за децата.

Сиромаштијата останува една од најголемите закани за децата – 32% од нив живеат под националната линија на сиромаштија, што е значително повеќе од 22% кај возрасните. Најпогодени се домаќинствата со самохрани родители (50%), семејствата со тројца или повеќе деца (53%) и ромските семејства, каде што 79% од децата живеат во сиромаштија.

Дополнително, само 23% од децата и домаќинствата добиваат детски и семејни парични надоместоци, што е значително пониско во споредба со просекот во ЕУ, каде што 88,4% од децата имаат пристап до вакви финансиски бенефиции.

Образовен систем – Ниски резултати и неефикасно трошење

Проблемите во образовниот систем се евидентни – помалку од една третина од децата имаат основни вештини по математика, читање и природни науки. Големи се разликите во резултатите меѓу учениците според социо-економскиот статус – со разлика од над 70 поени, а етничката припадност е значаен фактор за нееднаквост.

Во 2023 година, 14.000 деца не посетувале основно образование, додека 22.000 не биле запишани во средно училиште. Уште позагрижувачки е фактот што само 40% од децата посетуваат организирано учење една година пред основното образование, наспроти просекот од 96% во ЕУ. Кај ромските деца овој процент е под 8%.

Финансирањето на образованието покажува неефикасност – дури 89% од трошоците во периодот 2010-2020 година биле насочени кон плати и бенефиции, а односот ученик-наставник е 10:1, што е пониско од просекот во ОЕЦД (15:1).

Насилството врз децата – широко распространето

Загрижувачки 73% од децата во Македонија се изложени на некаква форма на насилна дисциплина во домашни услови. Овој проблем е поизразен кај момчињата, ромските деца и децата со попреченост.

Новите технологии носат дополнителни ризици – онлајн насилството и врсничкото малтретирање стануваат сè почести, а 18% од адолесцентите на возраст од 13 до 15 години биле жртви на врсничко насилство во последните 30 дена.

Покрај тоа, раните бракови сè уште претставуваат проблем – 8% од жените на возраст од 20 до 24 години стапиле во брак пред 18-тата година, а во најсиромашните семејства овој процент изнесува 22%, додека во ромските населби достигнува 45%.

Еколошки ризици и здравствени предизвици

Загадувањето на воздухот претставува најголем еколошки ризик за здравјето на децата – концентрацијата на ПМ2.5 честички е пет пати над препорачаното ниво. Ова е директно поврзано со високата стапка на заболувања – 40% од детската морбидитетност во урбаните средини е последица на респираторни заболувања.

Во 2023 година, Македонија регистрирала 96 смртни случаи на 100.000 жители поради загадување на воздухот, а едно од девет смртни случаи кај новороденчињата е поврзано со загадувањето.

Дополнително, различните форми на неухранетост остануваат предизвик – секое трето дете на возраст од 7-9 години е со прекумерна тежина, додека 11% од децата под 5 години се со прекумерна тежина. Во ромските населби, 11% од децата под 5 години страдаат од заостанат раст, наспроти 4% на национално ниво.

Иако доењето е клучно за здравиот раст и развој на децата, само 9,5% од новороденчињата добиваат мајчино млеко во првиот час од животот, а само 27% од бебињата се исклучиво доени, што е под целта на СЗО од 50%.

Извештајот на УНИЦЕФ покажува дека Македонија мора итно да преземе мерки за подобрување на состојбата на децата. Борбата против сиромаштијата, подобрувањето на пристапот до квалитетно образование и заштитата од загадување и насилство се клучни области во кои е потребна посветена акција.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски денес ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Latest from Blog

Расчистени четири кривични дела, поднесени пријави против четири физички и едно правно лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и Б.Т.(46) од Делчево, сопственичка на објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично

92-ГОДИШНАТА КИМ НОВАК ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО ВЕНЕЦИЈА

Ким Новак, холивудска дива од 1950-тите и 1960-тите, која глумеше во филмот „Вртоглавица“ на Алфред Хичкок, ќе добие Златен лав за животно дело на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите.

Поскапување на дизелот и екстра лесното масло – бензините без промена

Регулаторната комисија за енергетика објави дека од полноќ се вршат следниве корекции на малопродажните цени на нафтените деривати: ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,00 денар

Русија лансираше 479 дронови врз Украина

Русија лансира 479 дронови врз Украина во најголемиот напад со беспилотни летата од почетокот на војната, соопшти денеска украинското воено воздухопловство. Русија лансира и 20 различни ракети врз делови од Украина. Украинската

ИГРАЧ ОД ВЕВЧАНИ ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕН Е ПРЕМИУМ ЏЕКПОТOT НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Играч од Вевчани ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка  на Видеолотарија Касинос Австрија, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ. Тој како најсреќен играч, ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ.   Овој викенд го донесе највозбудливиот момент- најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на Видеолотарија Касинос Австрија- Премиум
Go toTop