Актуелниот претседател на ПАСОК Андрулакис одново избран за лидер на партијата

October 13, 2024
1 min read

Актуелниот претседател на грчката опозициска ПАСОК Никос Андрулакис со освоени 59,93 отсто од гласовите е победник во вториот круг на денешните избори за партиски лидер, додека неговиот противкандидат, градоначалникот на Атина Харис Дукас доби 40,07 проценти со пребројани 97,2 отсто од гласачките места, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако беа соопштени првите официјални резултати и беше јасно водството на Андрулакис, Дукас телефонски разговарал со актуелниот претседател, му честитал и му рекол дека сите заедно одат напред.

На денешните избори гласаа 214.000 членови и поддржувачи на Социјалистичката партија, наспроти 303.223 лица во првиот круг, а изборниот процес беше продолжен за половина час.

Во првиот круг од изборите одржан минатата недела Андрулакис освои 29,64 проценти од гласовите, а Дукас 21,41 отсто.

Претходните избори во ПАСОК, која минатиот месец прослави 50 години постоење, се одржаа во декември 2021 година, а откако актуелниот лидер пред евроизборите како цел постави партијата да биде на втората позиција, цел што не беше постигната и остана зад СИРИЗА, Андрулакис се соочи со силни критики од неговите сопартијци, а од состанокот на централниот комитет на крајот на јуни предложи одржување избори за претседател на партијата.

На парламентарните избори во јуни минатата година, ПАСОК освои 11,84 отсто од гласовите, а на евроизборите пред четири месеци, исто така беше на третата позиција зад СИРИЗА со 12,79 отсто од гласовите.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фудбалерите на Македонија со ново одлично издание и победа против Ерменија

Следно

Мицкоски во Германија оствари средба со македонската дијаспора- зачувување на македонскиот оган кој мора да донесе иднина и подобри времиња

Latest from Blog

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се
Go toTop