Активни пожари на грчките острови Закинтос и Кефалонија, како и во западниот дел на Грција

August 12, 2025
1 min read

Шумски пожари утрово се активни на островите Закинтос и Кефалонија, како и во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за евакуација на населените места што се во близина на огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина.

На Закинтос ситуацијата е особено тешка, евакуирани беа две села во јужниот дел на островот, а интервенираат 20 пожарникари со девет возила, два авиони и еден хеликоптер, но не е исклучена можноста противпожарните сили дополнително да се зајакнат.

Пожарот на Кефалонија избувна во текот на ноќта во југозападниот дел на островот, каде што се ангажирани 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, четири авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општината.

Од бројот 112 беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во три села да се евакуираат.

Порака за евакуација имаше и поради пожарот во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, каде што за гаснење на шумскиот пожар се ангажирани 85 пожарникари со три пешадиски тима и 27 возила, а од воздух се гасне со девет авиони и еден хеликоптер.

Според прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилната заштита и климатски кризи на Грција што секојдневно се објавуваат, за денеска многу висок ризик од пожари (категорија четири) има во Атика, на Халкидики, во дел од западна Грција, во голем дел од Пелопонез, на Евија, на дел од островите во северниот дел на Егејското море, како и во североисточниот дел на земјата. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Онана се врати на целосен тренинг

Следно

Мицкоски: 720 милиони денари за проекти во спортска инфраструктура

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop