Акар: „Заменик-министрите за одбрана на Туркије, Русија и Украина ќе се сретнат во Истанбул“

May 3, 2023
1 min read

КАЈСЕРИ (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека на 5 мај во Истанбул е планирана средба на заменик-министрите за одбрана на Туркије, Русија и Украина, во врска со договорот за транспорт на жито, јавува Анадолу.

Во јули минатата година, Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, што беше суспендиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар за надгледување на пратките на претставници од трите земји и ОН.

Акар одговараше на прашањата во врска со „коридорот за жито“ воспоставен со напорите на Туркије да го елиминира ризикот од „кризата со храна“ поради руско-украинската војна.

Договорот беше продолжен на иницијатива на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а Акар рече дека имал билатерална средба со рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во рамки на состанокот што во Москва го одржаа министрите за одбрана на Туркије, Русија, Сирија и Иран и шефовите на разузнавачките служби.

Потсети дека на 18 април во Кајсери се сретнал со украинскиот министер за инфраструктура Олександар Кубраков.

„Разговаравме и за иницијативата за жито. Во тој контекст, како резултат на прифаќањето на нашиот предлог од двете страни, планирано е во петок во Истанбул да се сретнат заменик-министрите за одбрана на Туркије, Украина и Русија. На состанокот ќе се разговара за одредени прашања, особено за иницијативата за жито“, рече Акар.

Тој изрази надеж дека договорот ќе биде продолжен без пречки.

„Бидејќи овој договор е многу важен за земјите на кои им е потребен, како и за регионалниот мир и стабилност. Желба ни е оваа иницијатива да ја продолжиме без никакви проблеми“, додаде Акар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Завојуваните страни во Судан договориле седумдневен прекин на огнот

Следно

Пожар во магацин за нафта во руската област Краснодар

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop