АИМС, софтверот што може да контролира 30.000 лажни онлајн профили

February 28, 2023
1 min read

Групата под име „Тим Хорхе“ е предводена од извесен Тал Ханан, кој се излетал пред новинари кои се претставуваат како потенцијални клиенти за капацитетите на својот софтвер и услугите што ги нуди. Во портфолиото на клиенти што ги има тој навел разузнавачки агенции, политички партии и корпоративни клиенти од цел свет.

Како пример Гардијан пишува за еден од Твитер профилите со кои управува АИМС кој главно зборува за секојдневни работи и тоа прилично невпечатливо, меѓутоа кога Тимот Хорхе добива нарачка за напаѓање на британскиот Комесар за информации (ИКО), тој распалува со гневни твитови од типот дека ИКО сака да ја уништи британската влада. Во конкретниот инцидент, ИКО одлучи дека британската влада треба да ги објави имињата на компаниите кои ги добиле мултимилионските договори за испорака на заштитна опрема што тогаш беше неопходна за ковид-19 пандемијата.

Сите одговори под твитот што го  анализира Гардијан се обединети во нивниот гнев кон ИКО, кого го опишуваат како „губење време“ и „бескорисен“.

„Како што продолжуваат репликите на твитовите, тие стануваат поостри, и полни со неточни обвиненија против ИКО околу поткуп, корупција и поврзаност со крајната десница.

Други пак беа збунети од инсистирањето на ИКО на транспарентност од британската влада околу набавките во пандемијата, пишувајќи ‘ова е типично за Британија… да се фокусира на погрешни работи’,“ пишува Гардијан.

Нивните процени се дека кампањата против ИКО е релативно краткотрајна, во споредба со други кампањи што ги тера Тим Хорхе.

Иако нема официјално упатство за АИМС што е достапно, Гардијан пишува дека станува збор за многу повеќе од програма која контролира ботови.

„Секој аватар, според демонстрацијата што Ханан им ја дава на новинарите, добива повеќеслојна дигитална историја.

АИМС овозможува креирање сметки на Твитер, Линкдин, Фејсбук, Телеграм, Гмаил, Инстаграм и Јутјуб. Некои други имаат и Амазон сметки со кредитни картички, биткоин новчаници и Ербиенби сметки.

Ханан објаснил и дека неговите аватари копираат човечко однесување а нивните постови се креирани од вештачка интелигенција,“ објаснуваат од Гардијан.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Книжевни рефлексии“: Прва дебата денеска во Институтот за македонска литература

Следно

Во стомакот на ајкула пронајдени останки на исчезнат Аргентинец

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop