Аерозагадувањето e причина за сите респираторни тегоби, ординациите се преполни

January 11, 2025
1 min read

Ларингити, синузити, пневмонии и останати горни респираторни проблеми деновиве ги полнат ординациите. Лекарите со кои поразговаравме велат дека симптоматологијата е слична кај многумина пациенти – кашлица која трае со недели, болно грло, температура, често и наод на бели дробови, а дополнително, тегоби создава и загадениот воздух.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле во моментов се хоспитализирани 60 пациенти, а болницата располага со вкупно 90 болнички легла. Портпаролката д-р Олга Спасова, информира и дека има 10 дечиња кои доаѓаат во дневна болница, а две се со интензивни листи и на дисконтинуирана кислородна поддршка, која се дава по потреба.

„Располагаме со доволно капацитети за да одговориме на потребите на граѓаните. Се испишуваат континуирано деца. Подготвени сме за сезоната на респираторни заболувања. Три дена бележиме незагаден воздух во Скопје, па очекуваме да нема толкава навала на пациенти“, вели д-р Спасова.

На институтот се хоспитализирани деца со долнореспираторни инфекции од потежок карактер – бронхити, астматични напади, пневмонии.

„Во моментов има зголемен број и на вирусни и на бактериски инфекции. На индивидуална основа се одредува и се дава терапија. Во изминатата недела, од 30 декември до 5 јануари, во ИЈЗ се пријавени 331 случај сличен на грип, што е за 47 отсто нагорен тренд од претходната недела. Пикот го очекуваме на почеток на февруари, а притоа хронично болните и малите деца се најнежни и најзагрозени“, вели д-р Спасова.

Таа советува да се намалат физичките контакти, да се почитуваат препораките за носење маска, миење раце, одржување дистанца, како и консумирање здрава храна.

Д-р Бојан Трјковски од ПЗУ „Медика Вера“, вели дека оваа сезона се забележува поголем број на пациенти во споредба со минатата сезона.

„Во пост-декемврискиот период имаме поголем обем на работа. Во овој период повеќе забележуваме горнореспираторни тегоби – ларингит, синузит, тешко голтање, црвено грло, кашлица која прво е сува, па потоа влажна а трае со недели. Аерозагадувањето  е број еден на сите респираторни тегоби. Имаме и пневмонија, бронхитис, развивање на астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОБ). Присутни се и кардиоваскуларни промени, хипертензија, дијабетес. Сега има и грип, настинки“, вели д-р Трајковски.

Според неговото искуство, многу ретко може да се најде слободен термин за снимање на бели дробови, кај пациенти кои од такво снимање имаат потреба.

„Обично термин има секогаш после 15-20 дена, а снимка е потребно да се направи веднаш. Го решаваме тоа или со ургентен упат или пациентите се принудени приватно да си платат“, вели Трајковски.

Неговиот колега д-р Ѓуро Кленкоски од оргинацијата „Д-р Кленкоски“ исто така вели дека пациентите што доаѓаат периодов во неговата ординација, се жалат на болки во грлото, на кашлица, секрет од нос.

„После Божиќ, нагло дојде до пораст на бројот на пациенти, поради непосредните контакти, на тие собири најлесно се случува трансмисија на вируси. Сега има доста инфлуенца, главно се работи за горнореспираторни симптоми. Треба периодов да се избегнуваат групирања, да се проветруваат простории, да се внимава на хигиена. Овие вируси се пренесуваат аерокапково и затоа треба да се внимава“, вели д-р Кленкоски.

Преземено од МЕТА.мк

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд

Следно

Уапсени две лица од Скопје, носеле кокаин!

Latest from Blog

Голем пожар во близина на Атина

Голем пожар избувна во близина на пристанишниот град Рафина во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 беше испратена порака за евакуација до оние кои се

Шефовите на дипломатиите на Египет и Сирија разговараа за најновите политички и безбедносни случувања во Сирија

АНКАРА (АА) – Египетскиот и сирискиот министер за надворешни работи разговараа телефонски за најновите политички, економски и безбедносни случувања во Сирија, јавува Анадолу. Египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, ги слушна

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Додека европратениците се подготвуваат да го избришат спомнувањето на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од годишниот извештај, македонскиот премиер Христијан Мицкоски во домашната јавност настапува со „иницијативи“ за нивна меѓународна верификација. Во
Go toTop