Адвокатот на Даравелски побара повторување на постапката

January 11, 2023
1 min read

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на Драган Даравелски побарал повторување на постапката, информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје.

– Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно законските надлежности првично ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, Советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, појаснуваат од Судот.

Од Кривичен известуваат дека евентуалното застарување на извршувањето на санкцијата односно застарувањето на кривичниот прогон, го утврдува Судот според местото на последно живеалиште на осуденикот, односно Основниот суд во Куманово, а во однос на застарување на кривичното гонење одлучува Основниот кривичен суд Скопје при евентуална повторена постапка.

Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски беше осуден во отсуство во 2007 година за „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ и тој се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за права повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство. Тој вчера беше уапсен на граничниот премин „Табановце“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во САД суспендирани сите внатрешни летови поради пад на НОТАМС

Следно

Жоао Феликс: Челзи е еден од најголемите тимови во светот и се надевам дека ќе им помогнам да ги постигнат своите цели

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop