Адеми нема да оди на средба во Судскиот совет: И претходно имаше јавни изјави за притисоци врз судии, но Советот не презеде соодветни дејствија

5 mins read

Претседателката на Врховниот суд истакнува дека за политичките влијанија и притисоци во судството не се говори само во медиумските написи, туку и во релеватните меѓународни извештаи, кои ги оценуваат состојбите во судството и дека констатациите во извештаите се континуирани и крајно сериозни

Таа потсетува дека преку медиумски написи, изјави или интервјуа, на постоење на политички притисоци или пак притисоци од другите власти, укажале и судии, вклучително и судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, па дури и членови на Судскиот совет, но и поранешни претседатели на Судскиот совет

Откако Судскиот совет за денеска закажа работна средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми на поради изнесени наводи во медиумите за политички притисоци врз судиите во Врховниот суд, таа се огласи преку писмо испратено до јавноста, притоа нагласувајќи дека нема да отиде на средбата поради претходно закажан настан.

Во писмото таа укажува, како што вели, на некои формално-правни аспекти кои би требало да бидат земени предвид.

„На почетокот, како претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија нагласувам дека Врховниот суд како највисок суд во државата дава целосна поддршка на процесите за унапредување на транспарентноста на судството. Примената на начелата на отворено и транспарентно судството, како и на слободата на мислата и на јавното информирање како загарантирани права во Уставот и во Европската конвенција за заштита на човековите права, се силна гаранција за осигурување на независноста на судството. Поаѓајќи од овие заложби, нагласени и во Декларацијата за отворено судство, а во контекст на Вашата покана за работна средба на која би се елаборирале објавени написи во медиумите, потенцирам дека написите за состојбите во судството, вклучително и написите за потенцијални или присутни влијанија, треба да се вреднуваат како суштински придонес за независноста на судството“,

нагласува Адеми во писмото.

Тоа впрочем, додава таа, е и една од целите на заложбите за отвореното судство, но и на напорите за заштита на самостојноста и угледот на судството и за јакнењето на довербата на граѓаните кон судската власт.

„Во оваа смисла, би сакала да истакнам дека во согласност со европските стандарди и практики во врска со прашањата од висок јавен интерес, отвореното судство има превентивна улога во спречувањето на обидите за политички или други влијанија“,

стои во писмото на Адеми.

Претседателката на Врховниот суд истакнува дека за политичките влијанија и притисоци во судството не се говори само во медиумските написи, туку и во релеватните меѓународни извештаи, кои ги оценуваат состојбите во судството и дека констатациите во извештаите се континуирани и крајно сериозни.

„Имено, Европската Комисија во последниот извештај истакна дека важно е да се осигури дека судството е заштитено од каков било ризик на несоодветно мешање од надвор. Политичките притисоци и влијанија се нагласени и во Извештајот на Прибе. Стејт департментот нотира дека случаите на несоодветниот политички притисок врз судиите продолжиле да ја попречуваат ефикасноста и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото. Последната анкета на ОБСЕ, исто така нотира дека судиите самите укажуваат на присутност на притисоци и несоодветни влијанија. Загрижувачка беше и констатацијата за недовербата кон Судскиот совет, за што мора да се посвети повеќе внимание во иднина. Политичките притисоци и влијанија како појава се нотирани и од граѓанските организации кои ја следат работата на судството“,

посочува Адеми.

Таа потсетува дека преку медиумски написи, изјави или интервјуа, на постоење на политички притисоци или пак притисоци од другите власти, укажале и судии, вклучително и судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, па дури и членови на Судскиот совет, но и поранешни претседатели на Судскиот совет.

„И покрај ваквите укажувања, јавноста не доби одговори дали Судскиот совет презел соодветни дејствија, појаснувајќи за какви притисоци се работело. Законските одредби на кои се повикувате во поканата до Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, иако погрешно цитирани и во двете верзии, беа и тогаш во важност. Претпоставувам и тогаш имаше потреба од итно и без одлагање да се разгледа прашањето за притисоците и влијанијата во органот на судството кој ја гарантира независноста на судството“,

децидна е претседателката на највисокиот суд во државата.

Во врска со структурата и целта на поканата, Адеми напоменува дека доставувањето покани и организирање работни средби за новинарски написи и интервјуа ниту е соодветно, ниту пак на тоа упатуваат надлежностите на Судскиот совет.

„Оттука, ваквиот пристап не е во насока на исполнување на законските цели за заштита на судството, како темелен принцип, утврден и во мислењата на Консултативниот совет на европски судии и во меѓународните документи за независно судство. Треба да се има предвид дека работата на Врховниот суд позитивно е оцената во меѓународните извештаи и особено е образложена во Извештајот на Европската Унија. Утврдувањето на начелниот став за објавување на неправосилни одлуки како голем придонес за транспарентноста и видливоста на правдата во согласност со стандардите и практиката на Европскиот суд за човековите права, беше истакнат и во Извештајот на Стејт департментот. Од тие причини, Врховниот суд има поддршка и охрабрување во остварувањето на своите заложби, а независноста на судството е една од нив“,

стои во писмото до јавноста потпишано од Адеми.

Таа укажува дека за политичките влијанија во судството како присутна појава и важно општествено прашање, потребна е поширока јавна расправа, бидејќи „се работи за проблем кој ја тангира државата и граѓаните, а со тоа и другите власти и чинители“.

„Мојот став за непочитувањето на уставното начело на поделба на власта го искажав и при подготовката на новата Стратегија за реформи во правосудниот сектор. Тоа е основата на сите предлози на Врховниот суд за подобрување на законите. Целта е да се минимизираат и елминираат сите обиди за надворешни притисоци. За мене како Претседател на Врховниот суд како највисок суд во државата кој е носител на судската власт, а согласно член 3 од Законот за судовите, најважно е, посебно во овој клучен период за Република Северна Македонија, да ги остварам и заштитам целите и функциите на судска власт, а тоа е непристрасно применување на правото и на владеењето на правото. Цврсто сум убедена дека оваа недела и во следниот период, веднаш по добивањето на извештаите на Европската Унија и на Оценската комисија за работата на Судскиот совет, ќе се отворат суштинските прашања за проблемите во судството, но и ќе се даде јасен патоказ за чекорите кои треба да се преземат понатаму“,

порачува претседателката на Врховниот суд.

На крајот од писмото таа ја информира јавноста дека денеска веќе има закажано настан со Коалицијата „Сите за правично судење“ на кој ќе биде потпишан Меморандум за соработка во кој се акцентира и значењето на независноста на судството и отпорноста од политичките влијанија и притисоци.

На 25 октомври годинава, судиите од Врховниот суд остварија средба со американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. Во соопштението кое тогаш го испратија до медиумите информираа дека на средбата било истакнато оти независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека во носењето на судските одлуки не смее да се дозволи мешање на другите власти.

Неколку дена потоа, дел од медиумите објавија оти „средбата била по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“.

Прашана за коментар на ваквите медиумски наводи, амбасадорката на САД во изјава за ТВ Сител кажа дека судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање, а оти мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја.

Адеми во интервју за порталот СДК.мк (Сакам да кажам) во петокот изјави дека вмешувањето на политиката во судството во нашата држава е присутна појава и тоа е веќе нотирано како проблем кој ја нарушува неговата независност. Според претседателката на Врховен, постојат ситуации на обиди за директно мешање на политиката и на другите власти поради, како што вели, реализација на агенди кои не се во корелација на владеењето на правото и на надлежностите на судската власт.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Ај во 10 евра дека нема да ви се плаќа за Фејсбук и Инстаграм?

Следно

Беса Адеми нема да се појави во Судскиот совет каде што е повикана поради изјава дека се вршат политички притисоци врз судиите

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива