Судењето одложено за 3 февруари: Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО

January 27, 2025
2 mins read

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, посочувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски се произнесе по наводите во барањето за изземање.

Палевски, изнесувајќи го предлогот, пред судот рече дека причините и доказите се содржани во двата обвинителниот акти кои се споени во една судска постапка, но и за лажно сведочење на сведок, докази кои, како што рече, ги приложува со барањето за изземање.

– Исто така, приложено е вештачење на телефон, базни станици и докази од вашата обвинителка. Сите овие докази се изготвени по наредба на надлежната јавна обвинителка Јосифовска, која иако ги знаеле доказите без да ги вештачи телефоните на сведокот. Криење на оружје 421 истражен ден, нерасчистивање на таа важна околност дали обвинетиот или обвинетите поседуваат оружје е најсериозно кривично дело што еден ЈО може да го направи, изјави Палевски.

Јавната обвинителката, нагласи Палевски, во листата на докази заборавила да ја стави и чаурата пронајдена и вештачена на местото Рудник, посочувајќи дека тој како обвинет ја приложува како доказ таа чаура.

– Доставувам и доказ. Сообвинетиот Боро Видевски поседува пиштол зборевка со дозвола и ловна пушка мозберг. Второ, криминалистичката пракса покажува дека вакви злосторства се вршат со оружје купено на црн пазар, но тоа требало да го разоткрие обвинителката, а на вас да одговори зошто не го сторила. При претрес во неговиот дом, пиштолот не евидентиран и не постои. Зошто јавната обвинителка не го зела тоа во предвид е само уште еден доказ за намерата на креирање на обвинение без докази. За обвинетиот Боро Видевски нема потврда за привремено одземени предмети од СВР Велес и во списите од Обвинителството не постои, изјави Палевски.

Сите докази, нагласи Палевски не се наоѓаат во новиот систем на МВР, туку во стариот Хост.

– Се уште постојат правдољубиви лица во МВР и вакви сериозни пропусти и докази за лоша истрага и ги доставија до одбраната. Сето ова е доказ за лошата истрага на вашата обвинителка, изјави Палевски.

Според него, прашања на кои обвинителка мора да одговори, се каде е пиштолот сопственост на еден од обвинетите, зошто 421 ден ЈО не го расчистија овој факт и зошто чаурата не ја приложила како доказ.

-Целата лоша слика за ЈО е поради спроведување на вакви политички наредби и истраги. Затоа нека остане трага дека е докажано кривично дело на јавен обвинител во истрага, изјави Палевски.

Обвинителството, пред денешното рочиште најави дека ќе продолжи со изведување на материјални докази, и по завршување со тоа ќе биде испитан сведокот Гоце Трајковски.

Трајковски, кој е предложен како сведок во овој случај, а осомничен за друго тешко кривично дело – подметнување пожар, на 23 јануари 2025 сам се пријавил во полициска станица и ќе биде сослушан на следното рочиште.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Преживеаните од Аушвиц одбележуваат 80-годишнина од ослободување на логорот, на комеморацијата и претседателката Сиљановска-Давкова

Следно

Во Кинескиот кварт во Едмонтон се одржа прослава за почетокот на Годината на змијата

Latest from Blog

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе

Патнички авион и воен хеликоптер се судрија над Вашингтон – со нуркачи се трага по преживеани

Неколку минути пред да слета, патнички авион се судри со воен хелихоптер над Вашингтон. Несреќета се случи непосредно пред леталото на компанијата Американ ерлајнс, кое превезувало 60 патници и четири члена на

Македонија продолжува да го губи населението, се повеќе млади се иселуваат од земјава

Продолжува одливот на население од земјава. На удар најмалите гратчиња во кои остануваат да живеат само пензионерите.Таков е примерот со Македонски брод, од година во година ова место се повеќе се испустува,

Низ турскиот воздушен простор изминатата година реализирани 2,3 милиони летови

АНКАРА (АА) – Низ турскиот воздушен простор минатата година реализирани се 2,3 милиони летови, вклучително и над половина милион прелети, покажуваат официјалните податоци собрани од Анадолу. Бројот на летови е зголемен за

Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Американскиот заложник ќе биде ослободен од Газа утре

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денес изјави дека американскиот заложник ќе биде ослободен од Газа утре, јавува Анадолу. „Ситуацијата е под контрола,
Go toTop