Ослободувањето на обвинетите за 27 април – нова мистификација за нови поделби

January 26, 2025
2 mins read

Со запирањето на постапката за четворицата обвинети во случајот „Организатори за 27 април“ се создаваат идеални услови за нова мистификација на целиот случај, а со тоа и отворен пат за дезинформации што ќе ја трујат македонската јавност.

Случајот може да се толкува и како пораз, пред сè, на македонското обвинителство, да го докаже случајот, откако првично започна со обвинителен акт во 2018 година за „Терористичко загрозување на уставниот поредок“, а во врска со настаните во Собранието од 27 април, потоа во 2021 се избори за неправосилна пресуда за Трајко Вељановски, тогашен претседател на Собранието, поранешните министри Спиро Ристески и Миле Јанакиески и тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски, со која сите добија по над шест години затвор, потоа една одлука на Апелацискиот суд во 2023 г. делото повторно да се суди, па потоа повторно одлуки на Кривичниот суд со кои се потврдува пресудата и се одбиваат барањата на обвинетите за примена на Законот за амнестија од 2018 година по донесено мислење на Обвинителството, за на крај, во трет обид истиот судија на Кривичниот суд да донесе одлука дека обвинетите се слободни и дека се прифаќа нивното барање за амнестија. И оваа одлука се донесе по „пишман одлуката“ на Обвинителството, дека „барањето на одбраната за примена на законот(за амнестија-н.з.), за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“.

Контекст

Да потсетиме, од вкупно 33 обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ – случај што претходеше на овој за организаторите, само Игор Дурловски беше ослободен, додека во 2019 година поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, беше осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски  добија затворска казна од 15 години.  Оливер Поповски беше првостепено осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор(извор Тука).

Претходно, како што наведуваат медиумите по барање за амнестија беа ослободени повеќе лица, меѓу кои и Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Факти за внимание

Меѓу фактите околу исходот за „Организаторите“, може заслужуваат да се наведат три. Прво, лицата за кои денеска запре постапката во случајот „Организатори за 27 април“ веќе се слободни затоа што судот конечно го прифати нивното барање да бидат ослободени по Законот за амнестија од 2018 година донесен од Собранието, исто како што беа ослободени погоре наведените лица обвинети за организирање на протестите и насилствата во Собранието.

Второ, можеби еден од пресвртните моменти во случајот за „Организаторите за 27 април“ беше сведочењето на поранешниот премиер Зоран Заев во 2020 година, кога сведочеше по барање на одбраната. Тогаш на изненадување на целата јавност Заев изјави дека смета дека Никола Груевски е главниот организатор, а дека овие четворица на коишто им се суди биле заведени и не ги смета организатори. Никола Груевски пак, кој беше меѓу обвинетите, но процесот за него беше издвоен затоа што обвинтелството не обезбеди одговори дека тврдењето на Заев е чисто политичка изјава дадена од омраза, не споменувајќи ја, се разбира, макар хушкачката улога што ја одигра во настаните од 27 април.

И трето, ова беше изненадување и предизвика несогласување од Вилма Русковска, главната обвинителка што го тераше случајот и тогашна шефица на ОЈО ГОКК, која за изјавата на Заев рече:

Обвинетите не се мали деца за да можат да бидат изманипулирани, тие беа и државни функционери. Јас со вакво тврдење апсолутно не се согласувам и очекувам судот да ги цени материјалните докази.

Русковска подоцна беше сменета од оваа позиција, по суспензија и направен нов избор за главен обвинител за ОЈО ГОКК.

Како и да се толкува овој случај од аспект на македонското правосудство, дали пораз на обвинителството, недоследност на судовите или нешто трето, факт е дека ќе предизвика нова мистификација на целиот настан со упадот во Собранието на 27 април, кој ја подели земјата на уставобранители и предавници, поделба од која последиците врз општеството се сè уште видливи.

Ваквата мистификација пак, е најплодно поле за нови дезинформации што ќе се плетат околу овој случај, со што поделбата и маглата ќе се мултиплицираат.

Пишува: Теофил Блажевски

Преземено од Мета.мк

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Клековски: Работиме на нов план за унапредување на дијагностика за онколошките пациенти, ќе се зголеми значително буџетот за терапија

Следно

Ноќно скијање и музика: Попова Шапка, добро место за забава преку викендите во зима

Latest from Blog

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Денес, на седницата за пратенички прашања во Собранието, се обрати пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој му постави прашања на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски постави прашања за повисоките цени во

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе

Патнички авион и воен хеликоптер се судрија над Вашингтон – со нуркачи се трага по преживеани

Неколку минути пред да слета, патнички авион се судри со воен хелихоптер над Вашингтон. Несреќета се случи непосредно пред леталото на компанијата Американ ерлајнс, кое превезувало 60 патници и четири члена на

Македонија продолжува да го губи населението, се повеќе млади се иселуваат од земјава

Продолжува одливот на население од земјава. На удар најмалите гратчиња во кои остануваат да живеат само пензионерите.Таков е примерот со Македонски брод, од година во година ова место се повеќе се испустува,

Низ турскиот воздушен простор изминатата година реализирани 2,3 милиони летови

АНКАРА (АА) – Низ турскиот воздушен простор минатата година реализирани се 2,3 милиони летови, вклучително и над половина милион прелети, покажуваат официјалните податоци собрани од Анадолу. Бројот на летови е зголемен за
Go toTop