60 пациенти на скопска онкологија и натаму остануваат без терапија

January 24, 2025
1 min read

Онколошките пациенти и натаму се во исчекување кога ќе бидат повикани да ја примат потребната терапија. Шеесетина од нив останаа без биолошките лекови. Надлежните најавуваат решение до крајот на месецов, но за пациентите секој ден е важен.

Во меѓувреме партиите продолжуваат со меѓусебни обвинувања. СДСМ бара одговорност од првите луѓе во здравството.

„СДСМ бара одговорност од директорите на Клинијата за онкологија, од директорот на Фондот за здравство и од министерот Таравари за оваа хуманитарна катастрофа којашто е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт. Мора да има одговорност за ова што се случува на Онкологија. Неспособноста на власта е животно загрозувачка.“- Белкиса Зеќири – СДСМ.

Владејачката партија пак ја обвини веледрогеријата Пановски дека вештачки создава криза со лекови за што го повикаа јавното обвинителството да истражува. 

„Годишно во просек оваа веледрогерија блиска до Венко Филипче од Онкологија земала над 12 милиони евра тендери. Онкологија и државата се заложници на оваа веледрогерија со огромни профити, која креира вештачки кризи секоја година.“ – Миле Лефков – ВМРО-ДПМНЕ.

Се огласија и од веледрогеријата Пановски од каде ги демантираат обвинувањата и се сомневаат дека зад нив се кријат бизнис интереси за да се наместат нови доставувачи на лекови. 

„Апсолутна невистина се обвинувањата дека АД „Д-р. Пановски“  ја диктира ценовната политика на лековите и со тоа наводно го уценува јавното здравство со високи цени за онколошка терапија. Законот за формирање на цени на лекови е донесен во 2007 година со кој се регулира начинот на формирање на цените на лековите, каде јасно стои дека одговорни за методологијата за формирање на цени се Министерството за здравство и одделот за формирање на цени на лекови при министервото.“ – ВЕЛЕДРОГЕРИЈА Д-Р ПАНОВСКИ. 

Пациентите пак со порака –  политика не ги интересира, туку решавање на проблемите за да не се повторуваат одново секоја година.

„Воопшто не ме интересира кој дошол, кој бил на власт од проста причина што нашата дијагноза не познава ништо па не познава ниту партии. Ајде со дела да покажеме затоа што ако гледаме наназад  едните дошле го донеле КЕТО системот, па дошле другите го тргнале КЕТО системот, па ставиле буџети, па направиле хаос со реверси, па еве дошле новите, делата зборуваат најдобро. Кога веќе ќе тргнат работите во позитивна линија да се задржи тој тек, за да пациентите го видат бенефитот.“ – Ана Марјановиќ – ХЕМА-ОНКО.

На онкологија веќе една недела нема биолошка терапија. Првиот човек на Фондот за здравство веќе соопшти дека дел од лековите кои ги нема ќе се обезбедат најверојатно до крајот на следната недела преку анекс договори со производителите, додека другиот дел ќе се обезбедуваат преку донација.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Турски организации дистрибуираат топол оброк за Палестинците во Газа

Следно

Почна генералниот штрајк во повеќе градови низ Србија, блокиран патот Нови Сад – Белград

Latest from Blog

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат

Андоновски: Владата го поддржува развојот на електронската трговија – преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните

81 година слободен Прилеп – Проданоски: Да го продолжиме патот на нашите херои со дела, не само со зборови

Прилеп со гордост го одбележа најсветлиот ден од својата историја – 3 ноември, Денот на ослободувањето, кога пред точно 81 година градот ја извојува својата конечна слобода. На свечената седница по тој
Go toTop