МНР бара објаснување за протерувањето на македонски државјанин од Србија: Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин

January 24, 2025
1 min read

Министерството за надворешни работи изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана“.

Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права.

Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најголем број патници на граничните премини Пелинце и Белановце имало за време на летните месеци

Следно

Земјотрес стресе делови од Македонија, еве каде е почувствуван

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop