Бројот на загинати во вчерашниот пожар во хотелот во Туркије порасна на 79

January 22, 2025
1 min read

БОЛУ (АА) – Бројот на загинати во вчерашниот пожар во зимскиот центар во северна Туркије се искачи на 79, јавува Анадолу.

Обвинителството во Болу соопшти дека во тек е идентификација на жртвите, а ДНК-тестовите потврдија дека загинале уште три лица, со што бројот на смртно настраданите се искачи на 79.

Знамињата беа спуштени на половина копје низ Туркије и во дипломатските претставништва на земјата низ светот поради националниот ден на жалост по вчерашниот пожар во хотелот во Карталкаја.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, синоќа потврди дека во пожарот загинале 76 лица.

Бројни тимови на итната помош и пожарникарите, и единиците за одговор при катастрофи евакуираа околу 230 луѓе од хотелот во моментите на пожарот. Во рамки на истрагата за пожарот досега се приведени 11 лица.

Регионот Карталкаја во областа Болу е еден од најважните зимски туристички дестинации во Туркије и привлекува илјадници посетители за време на скијачката сезона.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД: Над 200 демонстранти од Капитол ослободени од затвор по помилувањето од Трамп

Следно

Пратениците си го намалија коефициентот за плата

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop