Косово во Давос потпиша договор за слободна трговија со ЕФТА

January 22, 2025
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти го оцени денешното потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу Косово и земјите членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) како пресвртница во подобрувањето на економските односи и трговската соработка со земјите-членки на ЕФТА.

Тој изрази длабока благодарност до сите членки на ЕФТА за нивната блиска соработка во текот на преговарачкиот процес, пренесе Бета.

– Договорот што го потпишуваме денеска воспоставува рамка за трговски односи меѓу Косово и земјите од ЕФТА и отвора нови можности, дозволувајќи му на Косово пристап до нивните пазари, рече Курти.

Тој додаде дека договорот носи значителни предности за косовските компании, кои сега ќе имаат можност да извезуваат на пошироки пазари, а со тоа дополнително да се интегрираат во европскиот економски систем.

ЕФТА е меѓувладина организација создадена за промовирање на слободната трговија и економската интеграција меѓу земјите-членки.

Основана е во 1960 година како алтернатива на Европската унија (тогаш Европската економска заедница). Во моментов, ЕФТА има четири земји-членки – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина или да се соочи со нови санкции

Следно

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората, работиме за воведување на прекуокеaнски летови

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop