Русија: Потенцијалните договори за украинската криза треба да содржат и механизам за спречување на прекршувањата

January 22, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека сите договори за решавање на кризата со Украина треба да содржат и механизам за спречување на прекршувањата, јавува Анадолу.

Во Москва, главниот град на Русија, Лавров се сретна со киргистанскиот министер за надворешни работи Жинбек Кулубаев, кој е во посета на Русија.

По средбата двајцата министри ја потпишаа програмата за соработка меѓу министерствата за надворешни работи на Русија и Киргистан за периодот од 2025 до 2027 година. По потпишувањето на програмата за соработка се одржа прес-конференција.

Во обраќањето Лавров рече дека пристапите на Русија и Киргистан кон глобалните и регионалните прашања се компатибилни и додаде:

„Потенциравме дека мора да се следат нормите во Повелбата на Обединетите нации (ОН). Потребно е овие принципи да се почитуваат и да се применуваат целосно, а не според ситуацијата.“

Осврнувајќи се на прашањето за безбедноста во евроазискиот регион, Лавров ја истакна потребата од зајакнување на иницијативите во борбата против тероризмот и екстремизмот.

Лавров рече дека продолжуваат да соработуваат со Киргистан на платформи, како што се Евроазиската економска заедница (ЕАЕУ), Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) и Заедницата на независни држави (ЗНД).

Осврнувајќи се на кризата во Украина, Лавров го истакна следново:

„На состанокот ја потврдивме нашата решеност да ги постигнеме целите на специјалната воена операција и да ја решиме оваа криза со елиминирање на нејзините причини. Во многу земји, вклучително и Европа и САД, почна да преовладува разбирањето дека без ова е невозможно да се прекинат конфликтите. По ова прашање може да се склучат само сигурни и законски договори во кои ќе биде вклучен механизам за спречување на прекршувањата.“

Министерот за надворешни работи на Киргистан, Кулубаев, изјави дека односите со Русија се развиваат во сите правци.

Истакнувајќи дека оваа година неговата земја претседава со ОДКБ, Кулубаев нагласи дека во тој контекст ќе дадат сѐ од себе за да ги исполнат целите и задачите поставени за обезбедување мир и безбедност.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски гостин во „За или против“ на ТВ Алфа

Следно

Мозаик стар 2.200 години и гробница стара 1.800 години откриени во античкиот турски град Асос

Latest from Blog

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Проданоски: Создаваме услови младите да останат и да се развиваат во Прилеп

Меѓународниот средношколски форум на економски училишта, организиран од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, претставува значајна платформа за отворање дискусија за улогата на младите во современото општество и важноста од нивно соодветно образование

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека
Go toTop