ПОЧИНА РЕНОМИРАНИОТ СЛИКАР КОЛЕ МАНЕВ

January 22, 2025
1 min read

Почина реномираниот сликар Коле Манев, објави неговото семејство. Имаше 83 години.

Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најеминентните македонски сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. По студирањето на Ликовната академија во Белград (1960 заминал на студиски престој во Париз. Потоа престојувал во Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела ги изложувал на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Манев е сценарист и режисер на долгометражниот документарец „Тулгеш“ (1977), краткиот документарец „Црно во црно“ (1984), телевизискиот филм „Мост“ (2006).

Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 од француското Министерство за култура која му ја доделува наградата „Почесен витез на уметноста и творештвото“.

Има реализирано околу триесетина изложби и учесник е на многубројни групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот.

Во 2023 го доби  признанието за животно дело во стрипот „Љупчо Филипов“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шекеринска: Партнерството меѓу НАТО и ЕУ е од непроценлива важност

Следно

Клековски очекува до крајот на јануари да ги има сите лекови на Онкологија

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop