Знамињата во Туркије спуштени на половина копје поради трагичниот пожар во ски-центарот

January 22, 2025
1 min read

АНКАРА / ИСТАНБУЛ (АА) – Знамињата во Туркије беа спуштени на половина копје денес, 22 јануари, откако претседателот Реџеп Таип Ердоган прогласи ден на жалост за жртвите во разорниот пожар во ски-центарот во Северна Туркије, јавува Анадолу.

Во пожарот што избувна во хотелскиот комплекс во ски-центарот Карталкаја загинаа најмалку 76 лица, а 51 лице се повредени, изјави вчера министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Од повредените, 17 лица се пуштени од болница, а едно лице сѐ уште е на интензивна нега, информира министерот за здравство Кемал Мемишоглу.

Пожарот избувнал околу 3:30 часот наутро по локално време (00:27 по Гринич), во ресторанот на хотелот во ски-центарот Карталкаја, а пламените брзо го зафатиле целиот објект, соопшти гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.

Пожарот беше ставен под контрола по десетчасовна борба на пожарникарите, изјавија властите за Анадолу.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кизиќ: Веруваме во себе, можеме да одиграме уште ден добар меч и против Катар

Следно

Дипломатска офанзива за позитивни промени во Западен Балкан

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop