Тошковски во 24 Отворено: „Сејф сити“ ќе работи со факти а не врз основа на тоа дали возачот се познава со полицаецот или инспекторот

January 22, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Отворено рече дека системот „сејф сити“ до Нова Година, најпрво ќе се имплементира во Скопје, Куманово и Тетово и ќе функционира врз основа на праведност и факти а не врз основа на тоа дали возачот се познава со полицаецот, командирот или инспекторот. Според него, со воведувањето на „сејф сити“ граѓаните ќе имаат позитивен заклучок и ќе сфатат дека на таков начин се приближуваме до европските стандарди.

„Со воведувањето на ‘Сејф сити’ во првите македонски градови ќе има еден пробе пеиод каде што прекршоците ќе бидат забележувани но граѓаните нема да се казнуваат туку ќе добиваат опомени. Тоа е поради тоа што сакаме тие да стекнат доверба во системот“, рече Тошквски во гостување на 24 тв. и додаде дека системот постепено ќе го има низ цела држава бидејќи сите граѓани подеднакво заслужуваат нормален возен ред.

Тошковски потенцираше и дека пред казната да стигне дома, оној што направил прекршок ќе добие порака на телефон и ќе може да ја плати казната веднаш. Тој додаде и дека за почеток прекршоците ќе стигаат и на емаил адреса.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вистинска негрижа во Фудбалската Академија – ФФМ објави снимка од ужасот во спортската институција! (ВИДЕО)

Следно

Спасувачите го пронајдоа телото на вториот исчезнат рудар

Latest from Blog

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено
Go toTop