Колку е штетен пестицидот најден во македонската зелка

January 22, 2025
1 min read

Неодамна македонската јавност ја потресе информацијата дека во Хрватска е запленета зелка со присуство на опасен инсектицид, која потоа беше уништена.

По овој повод се огласи д-р Нико Беќаровски, кој даде стручно објаснување за инсектицидот имидаклоприд.

Според него, важно е јавноста да ги знае следниве факти:

Имидаклоприд е инсектицид од групата неоникотиноиди со ниска токсичност за луѓето.вОд 2018 година е целосно забранет во Европската унија, според препораката на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), поради неговото штетно влијание врз пчелите.

Според др Беќаровски за луѓето, неговата токсичност е еднаква или помала од таа на дозволените пестициди.

-Македонија треба да го исклучи имидаклоприд од употреба за да ги заштити пчелите, кои сè поретко се среќаваат. Јас лично би одбрал зелка прскана со имидаклоприд отколку со инсектициди како етиол, децис или ланате, кои сè уште се користат во Македонија“, вели д-р Беќаровски.

Според него не постојат научни докази дека имидаклоприд предизвикува рак кај луѓето.
Во Македонија останаа премалку обработливи површини со еколошки прифатлива почва и атмосфера.

Со ова објаснување, д-р Беќаровски ја повика јавноста да се фокусира на заштитата на животната средина и одговорното користење на хемиски средства.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седници на четири собраниски комисии

Следно

Најстудено утрово во Битола, најмногу дожд во Дебар, највисока снежна покривка на Попова Шапка

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop